Студенти го блокираа Филозофскиот факултет во Белград

Од:

Група студенти синоќа го блокираа Филозофскиот факултет во Белград, најавувајќи дека немаат намера да ја напуштат зградата се додека факултетската Управа не ги исполни нивните барања.

Меѓу нивните барања се и намалување на цената за пријавување испити, едногодишното буџетско финасирање на апсолвентите, како и на студентите, кои се запишале на Факултетот во 2006 година, да им се дозволи студиите да ги завршат по програмата која важела при нивниот упис.

Учесниците на блокадите, кои себеси се нарекуваат „Самоорганизирано студентско движење на Филозофскиот факултет“, пред зградата на студентскиот плоштад поставија транспаренти на кои, меѓу другото, пишува и: „Блокадата е во тек“, „Стоп на ограбувањето на студентите“, „Блокада“, „Вие не не слушате, а ние не ве пуштаме“ и „Извинете, колку чини буџетот“.

Блокадата на Филозофскиот факлтет, која започна синоќа околу 18.00 часот, продолжува и денеска. Организаторите на протестот изјавија дека се решиле на таква мерка затоа што Управата на Факултетот донела одлуки кои биле објавени само седум дена пред почетокот на академската година.

Учесници на блокадите изутринава за Танјуг изјавиле дека никој од Управниот одбор се уште не им се обрати и дека во текот на деноѕ очекуваат повеќе информации околу нивните барања. 

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов