Страшна несреќа кај Никшиќ: Автобус излетал во провалија, двајца загинати

Од:

Две лица загинале, а повеќе се повредени во сударот помеѓу автомобил и автобус, кој околу 8 часот утрово се случил на магистралниот пат Подгорица – Никшиќ, јавуваат црногорските медиуми.

Полицијата неофицијално соопштува дека се повредени околу 20 лица. Тие се пренесени во болницата во Никшиќ, каде се собрале поголем број граѓани за да донираат крв.

Несреќата се случила кога се судриле минибус, кој се движел кон Подгорица и возило со будвански регистарски таблички кое се движело кон Никшиќ, по што од силината на ударот, минибусот излетал во провалијата покрај патот, а автомобилот удрил во карпа.

Пожарникари, полицајци и здравствени работници ги извлекуваат телата на настраданите од минибусот, кој по сударот се превртел.

Фото: Вјести.ме

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора