Странски новинари во Србија: Никогаш не сме виделе ваква катастрофа

Од:

Ударна вест во сите медиуми низ светот, деновиве се информациите за поплавите, кои што го зафатија регионот. Странските новинари пренесуваат дека ваква природна катастрофа не виделе до сега и дека е тешко да се опише она што го забележале во Обреновац и останатите поплавени места во Србија.

Кај северниот сосед во моментот има голем број странски репортери, кои од лице место известуваат за поплавите, а меѓу нив се и новинари и сниматели од „Би Би Си“, „Ројтерс“, норвешката телевизија ТВ 2, но и оние кои во својата татковина се соочуваат со слично сценарио.

За случувањата од Србија известуваат и „Гардијан“, СНН, АБЦ, Асошиејтед прес, Франс прес, Нова ТВ, Тајм, Америка денес и многу други, кои покрај пренесувањето на вестите и фотографиите, апелираат и за помош на настраданите.

poplaveniPodracjaSrb1

-Во петок и сабота чекавме во Славонија, бидејќи сакавме да влеземе во Босна или Србија. Во Босна не успеавме, но на крај влеговме во Србија. Немам зборови со кои би го опишала она што го видов во Обреновац- вели Барбара Штрбац новинарка од „Нова ТВ“.

Нивната екипа во недела цел ден известувала од терен, успеале да влезат и во градот, но како што вели наредниот ден полицијата не им дозволила да се вратат таму.

-И во Хрватска состојбата стана доста тешка, но ние остануваме овде и посебно ми е мило што од мојата држава пристигнаа спасувачи, за да му помогнат на загрозеното население во Србија- рече таа и нагласи дека ќе останат тука, се додека има потреба.

И останатите странски новинари имаат ист впечаток, дека никогаш до сега не виделе вакво нешто.

-Требаше од Истанбул да се вратиме во Норвешка, но не упатија во Србија. Во недела пристигнавме и веднаш тргнавме во Обреновац, но не ни дозволија да влеземе во градот. Призорот е застрашувачки- истакнаа Уле и Симен, новинари од норвешката „ТВ2“.

Тие нагласија дека известувале за поплавите, кои пред неколку години ја зафатија Велика Британија, но дека не било како овде, бидејќи најголем впечаток им оставиле бројните доброволци, кои деноноќно им помагаат на загрозените.

poplaveniPodracjaSrb3

И романската новинарка Мануела Стрину од телевизија „Диги 24“ остана без зборови , поради призорот кој го забележа во Обреновац.

-Кога околу 14 часот ни дозволија да влеземе во градот, немаше ништо освен вода, војска и полиција. Се уште не сум видела поплава да избрише градови со повеќе од десетина илјади жители- вели Мануела, која во живо од Белград известува за поплавите што ја зафатија Србија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ