Странски амбасади негираат обвинувања на Брнабиќ дека финансираат протести во Србија

Од:

Амбасадите на САД, Велика Британија и Германија денеска ги отфрлија тврдењата дека нивните земји финансираат политички или еколошки протести во Србија против рударската компанија РиоТинто.

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера рече дека нејзината влада ги поништува сите административни акти со корпорацијата Рио Тинто поврзани со истражување и ископ на литиум во Србија по протестите за заштита на животната средина, и обвини некои западни влади за финансирање еколошки протести.

„Таквите тврдења не го одразуваат партнерството со Србија“, се вели во заедничката изјава на американската, британската и германската амбасада во Белград.

„Безрезервно ги отфрламе сите сугестии дека нашите држави или организациите преку кои даваме техничка помош и поддршка финансираат или насочуваат дејствија, особено против владата или каква било политика што таа ја спроведува, што вклучува и финансирање протести“, се вели во соопштението.

Оценките на Брнабиќ се „штетно обвинение“ што е особено тешко да се разбере кога станува збор за организации кои со години ги поддржуваат и работат со српската влада и парламентот на нивните реформски програми и развојот на демократските институции, рекоа трите земји.

Тие додаваат дека од почетокот на процесот на демократска транзиција во Србија, трите земји се меѓу „најдарежливите и најсигурни партнери и пријатели на Србија“ и и пружиле финансиска помош вредна повеќе од три милијарди евра.

Владата во Белград вчера ја укина уредбата за просторниот план за експлоатација и преработка на литиумска руда и сите дозволи и уредби поврзани со компанијата „Рио Тинто“, по повеќемесечни протести и блокади на патиштата чие мото беше „Рио Тинто надвор од Србија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов