Столтенберг: НАТО ќе го процени нивото на ангажман во Косово

Од:

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО за време на претстојниот дводневен состанок во Брисел ќе го разгледаат нивото на нивната поддршка на Косовските безбедносни сили по трансфорамцијата во Војска на Косово, јави Танјуг.

„Се уште не сме донеле одлука, но рековме дека ќе го процениме нивото на ангажманот на НАТО, бидејќи неколку сојузници сметаат дека одлуката за трансформација на КБС во Војска се случила во погрешно време, а некои од нив се разочарани поради воведените такси за стоката од Србија и Босна и Херцеговина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За време на дводневниот министерски состанок на НАТО што почнува утре, пред разговорите за мисијата на Косово, ќе се разгледаат и други мисии на НАТО ширум светот со фокус на Авганистан и Ирак, како и операциите на море.

Членките на Северноатлантската алијанса на првиот ден од состанокот ќе разговараат и за односите со Русија во контекст на Договорот за нуклеарните ракети од среден достел (ИНФ), а состанокот ќе заврши со дискусија за соработката на НАТО со ЕУ и за зајакнување на улогата на ЕУ во Алијансата.

 

Би можело да ве интересира

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата