Стоев: Судирите во Косово ја покажаа нестабилната ситуација во регионот

Од:

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска учествуваше на редовниот октомвриски состанок на Советот за надворешни работи, што се одржа во Луксембург, соопшти прес -центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ги информираше министрите за најновите случувања на Западен Балкан, а особено за ситуацијата во северно Косово и Босна и Херцеговина.

Шефот на бугарската дипломатија истакна дека новите судири меѓу полицијата и српското население во Косовска Митровица уште еднаш ја покажаа исклучително напнатата ситуација во регионот. Затоа, според него, пораките на ЕУ до земјите од регионот мора да бидат избалансирани и да ги земат предвид сите можни последици.

-Секое насилство, без оглед од која страна доаѓа, е целосно неприфатливо и мора да се осуди, рече Стоев.

Друга тема на агендата на состанокот беа односите на ЕУ со арапските држави од Советот на Заливот. Борел ги презентираше резултатите од неговите посети на Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, кои ги оцени како позитивни и успешни.

Бугарија го поддржа продлабочувањето на соработката и дијалогот со земјите од Заливот, како и продолжување на редовните министерски состаноци во формат ЕУ-Совет за соработка во Заливот, што според Стоев ќе придонесе за подобрување на економските односи и заедничките интереси во регионот.

Советот на европските министри за надворешни работи, исто така, дискутираше за односите со Источното партнерство и неговите земји и претстојниот Самит на Источното партнерство во декември 2021 година.

Би можело да ве интересира

Косово: Награда од 20 илјади евра за тој што ќе помогне во откривањето на тројниот убиец кај Дечане

Ана Ололовска

Двајца ученици и возач загинаа при пукање кон автобус во Косово

А1он

Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите на автопатот „Струма“

А1он

Османи: Истрагата за автобуската несреќа е врвен приоритет за бугарското Обвинителство, идентификацијата ќе трае најмалку седум дена

А1он

Убедлива победа на Радев за втор претседателски мандат

Катерина Павлова-Николовска

Втор круг претседателски избори во Бугарија

Катерина Павлова-Николовска