Стејт Департмент: САД и ЕУ загрижени поради излегувањето на косовските Срби од институциите на Косово

Од:

САД и ЕУ се загрижени од неодамнешниот развој на настаните во Косово со напуштањето на косовските Срби на институциите на земјата, а Вашингтон повика на итно започнување преговори за создавање Асоцијација на општини со српско мнозинство во Косово, соопштија од американскиот Стејт департмент.

-Сметаме дека тоа не е решение за тековните разногласија. Тоа има потенцијал уште повеќе да ги ескалира тензиите на теренот, изјави синоќа портпаролот Нед Прајс.

САД ги повикаа страните во спорот да ги намалат тензиите и да осигураат мир и стабилност со повик до Србија и Косово да ги имплементираат веќе потпишаните договори.

-Акциите и реториката кои ги зголемуваат можностите за насилство ставаат под непотребен ризик невини животи и оние на меѓународните мировнички сили. И Србија и Косово треба да ги имплементираат договорите што веќе ги потпишаа во рамките на процесот на дијалог, а тоа вклучува и започнување преговори за создавање Асоцијација на општини со српско мнозинство во Косово, рече Прајс.

Српскиот претседател Александар Вучиќ одлуката за излегувањето завчера ја нарече „историска“ и побара мировниците од КФОР и ЕУЛЕКС да ги вршат полициските работи во северниот дел на Косово.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски