Стартува со работа акцелераторот за конкурентност и иновации на Западен Балкан

Од:

Претседателката на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу денеска истакна дека започнува со работа акцелераорот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, што, како што наведе, не е нешто материјално, туку е збир од идеи, алатки и инструменти кои кои ќе овозможат разлика меѓу регионот и другите земји по прашањето за иновативноста и конкурентноста, јави известувач на МИА од Тирана.

Таа, со останатите учесници на денешниот Самит на раководители на акцелераторот за иновации и конкурентност, размени идеи за идните активности на акцелераторот, во чиј фокус ќе бидат истражувањата, размената на искуства, како и соработката меѓу земјите.

– На Западен Балкан, околу 0,4 проценти од БДП се вложуваат во иновации. Во останатите земји таа стапка е многу повисока. Ако сакаме да бидеме поуспешни и до вложуваме во нови технологии, мораме да го зголемиме тој процент, односно 1,5 отсто од БДП да се вложува во економски раст и развој на иновации, посочи Брегу.

Мартина Ларкинс, член на Извршниот одбор на Светскиот економски форум, нагласи дека првпат таков акцелератор се основа во овој дел од светот.

– Податоците од извештаите за конкурентност покажуваат дека стапката на раст во регионот е во нагорен тренд, но треба да се работи повеќе, истакна Ларкинс.

Таа посочи дека во регионот постојат други проблеми, како надворешната трговија и стапката на невработеност.

– Меѓутоа тие проблеми можеме да ги решаваме преку унапредување на иновациите и конкурентноста во регионот, а особено преку заедничко решавање на проблемите и унапредување на јавно-приватното партнерство, како и преку заедничка работа со граѓаните, потенцираше Ларкинс.

Би можело да ве интересира

Ковид-19 го одложи Самитот ЕУ – Западен Балкан

Ана Ололовска

Бугајски: Само ЕУ може да помогне на земјите од Западен Балкан

Ана Ололовска

ЕУ официјално го назначи Лајчак за специјален претставник за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји: ЕУ подготвува економски план за развој на Западен Балкан

Ана Ололовска

Пицула: Важно е да им се помогне на земјите од Западен Балкан

Ана Ололовска

Мекалистер ја повика ЕУ повеќе да помогне на Западен Балкан

Ана Ололовска