Стано: Позицијата на ЕУ за границите на Балканот е јасна – ништо не треба да се менува

Од:

Портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, изјави дека не е запознаен со нон-пејпер од словенечкиот премиер Јанез Јанша за промени на границите на западниот Балкан, и ја повтори официјалната позиција на Европската Унија.

-Не сме запознаени со нон-пејперот, ги забележавме медиумските извештаи но треба прашањето да се постави во Советот или кај нашите словенечки партнери, не сме виделе и не сме запознаени со таков документ и не коментираме за наводната содржина на тој нон-пејпер, она што можам да го кажам е дека позицијата на ЕУ е јасна по прашањето на границите – ништо не треба да се менува, изјави Стано.

Тој додаде дека процесот на проширување на ЕУ има за цел да поттикне регионална соработка и помирување во регионот.

-Процесот да не оди во опасни области, како таа, и да се држиме до ЕУ законодавството и принципите на ЕУ, изјави Стано на денешниот редовен брифинг за новинарите.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски