„Стандард“: Тежок удар врз салафистите на Балканот

Од:

Апсењето на лидерот на салафистите во Австрија го намали влијанието на вехабиите во Југоисточна Европа, пишува виенскиот весник „Стандард“.

Кога полицијата на 26 јануари во Виена и Грац спроведе акција против салафистите, во која се уапсени двајца проповедници, тоа довело до олеснување на Балканот бидејќи меѓу уапсените се наоѓал и Неџад Балкан, кој долги години во Виена проповеда во салафистичка џамија, а покрај него во притвор се и Мирсад Омеровиќ, како и Мухамед П., кои се веќе осудени на затворска казна.

Тоа се трите најважни личности на виенската вехабистичка сцена, која по потекло е од Балканот, а која ги финансирала салафистите во БиХ, како и Санџак.

Неџад Балкан има огромно идеолошко влијание врз радикалните балкански вехабии, од кои некои ги финансирал, тврди виенскиот весник.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ