„Стандард“: Темпирани бомби на Балканот

Од:

На Балканот постојат голем број темпирани бомби од Косово, преку јужниот дел на Србија, до Македонија и Босна и Херцеговина, оценува виенскиот дневен весник „Стандард“.

Ослободителните пресуди пред Хашкиот трибунал на хрватаските генерали и речиси истовременото ослободување на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај предизвикаа негодување кај српската јавност, а неочекуваната одлука на судот во Хрватска и Косово беше пречекана со општа радост и прослави, наведува весникот.

„Стандард“ додава дека и истакнати активисти за човекови права како Наташа Кандиќ во Белград и Жарко Пуховски во Загреб упатиле критики кон образложенијата на одлуките на судот и условите.

Австрискиот весник наведува дека особено внимание провлекол неодамна објавениот критички став на директорот на Центарот на ОН за хуманитарен дијалог Дејвид Харланд, кој во текстот во „Њујорк тајмс“ укажува на постоењето „селективна правда“.

Весникот потсетувајќи на настаните во Босна, Хрватска и Косово, заклучува дека Србите извршиле голем број воени злосторства, но и дека не се единствените, како и дека не е исправно и корисно само тие да сносат одговорност.

Историчарот Холм Сундхаузен истакнува дека за историјата на војните во поранешна Југославија важи предупредувањето дека е завршено времето на „јасност“. Тој укажува дека старите табуа се збогатени со нови и дека повеќе не постојат голем работи кои се сосема сигурни.

Со моментално расположливите извори и информации во комбинација со меѓународната потрага по сторителите се создава една многу еднострана перцепција. Паушалните пресуди во однос на одговорноста за ексцесите на насилство не смее да бидат препишани само на една национално раководена група, ниту да се препишат на еден народ, наведува весникот „Стандард“.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски