Стајкурас: Грција по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната

Од:

– Факт е постигнувањето на уште една голема национална цел, вели министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас за излезот на земјата на 20 август од режимот на зголемен надзор и додава дека Грција, по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната, јави дописничката на МИА од Атина.

Стајкурас објаснува дека пред неколку дена добил писмо од извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис и од комесарот за економија Паоло Џентилони во кое го потврдиле излезот на Грција од режимот на зголемен надзор и посочиле дека земјата го испорачала најголемиот дел од политичките обврски кон Еврогрупата, дека ефикасно ги спровела реформите и значително ја зајакна отпорноста на нејзината економија.

-Со оваа разврска, заедно со предвремената отплата на кредитите од Меѓународниот монетарен фонд и укинувањето на капиталните ограничувања, по 12 години, се затвора тешко поглавје за нашата земја. Грција се враќа во европската нормалност и престанува да биде исклучок во еврозоната, вели Стајкурас.

Објаснува дека излезот од засилениот надзор „ја зајакнува позицијата на Грција на меѓународните пазари, обезбедува дополнителен поттик за нејзината динамика на раст и привлекување инвестиции, дава степени на слобода во водењето на економската политика и го носи поблиску постигнувањето на последната цел, односно обновувањето на инвестициската оценка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски