Српско-црногорската заедница бара 7 јануари да биде државен празник во Албанија

Од:

Српско-црногорската заедница во Албанија, која Христовото раѓање, Божик, го слави според јулијанскиот календар, повторно побара од албанските власти овој ден да биде прогласен за државен празник.

– Продолжуваме со напорите овој ден да биде неработен ден за регоните каде што живеат православни Срби, Црногорци и Македонци кои Божик го слават на седми јануари, а зошто да не биде и државен празник. Албанија е земја со многу национални празници, па дури и празници за обични работи, изјави Павло Јанко, претседател на српско-црогорското здружение „Розафа-Морача“.

Јанко зборуваше и околу дебатата поврзана со големиот крст во близина на Скадар, наведувајќи дека не станува збор за нова градба, туку реконструкција, за што не била потреба дозвола од институциите.

Верниците од српска и црногорска националаност по традиција Хрстовото раѓање го дочекаа во црквата „Св. Троица“ во селото Врака во Голема Малесија, кај Скадар, област населена главно со припадници на овие две етнички заедници.

Со свечената литургија чиноначалствуваше отец Предраг Сепановиќ делегиран од Црногорската православна црква.

-На сите православн верници им го честитам празникот на Хрстовото раѓање-Божик. Бидете благословени сите православни верници каде и да живеете во Албанија.Треба да живееме во мир и хармонија со браќата Албанци. Посакувам бадниковиот оган да ги затопли сите срца и души, не само на овој празник,туку секогаш.Христос се роди,навистина се роди, порача отец Степановиќ.

Според здруженито „Розафа-Морача“ во Албаноја, главно во северниот дел, живеат над 40 илјади Срби и Црногорци.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија