Српските власти ги објавиле грозоморните слики од истрагата против Беливук за да се идентификуваат жртвите

Од:

Целта заради која српските обвинители јавно, на прес-конференција ги објавија вознемирувачките фотографии од телата на наводни жртви на криминалниот клан на Вељко Беливук била да се утврди идентитетот на жртвите, објасни денеска Обвинителството за организиран криминал.

Во саботата, фотографиите од оружје, мртви луѓе и делови од тела беа објавени на средба со новинарите на која присуствуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Од Обвинителството велат дека дале одобрение да се објават фотографиите и додаваат дека не сметаа оти тоа негативно да влијае врз истрагата за криминалните активности на групата, туку „напротив, може да доведе до откривање на сите детали во врска со кривично-правните настани за кои се товари оваа група“.

Но, дел од експертите велат дека овој потег на Обвинителството укажува на тоа оти нема доволно докази и дека во истрагата се влегло прерано.

Според адвокатот и поранешен заменик-раководител на две обвинителства, Сеад Спаховиќ, обвинителот проценил дека објавувањето на сликите може да придонесе за идентификацијата, и „всушност, објавил јавен повик за собирање неформални информации“.

Спаховиќ вели дека ова е прв случај за кој знае во последните 40 години, во кој обвинителот бара помош од јавноста за идентификација на некое лице.

Според него, обвинителот очекува дека можеби ќе се јават родители, партнери, пријатели на луѓето прикажани на тие фотографии.

„Обвинителот има право да каже нешто да се објави или не, но факт е дека тоа досега не било пракса,“ вели Спаховиќ за агенцијата Бета, и додава дека не може да му се префрла на обвинителот што мисли дека тоа е добро за истрагата.

„Сепак, ова покажува дека има недостиг на докази и дека во истрагата влегле прерано. Тоа значи дека нешто било направено избрзано,“ заклучува Спаховиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати