Српските власти бараат проверка на сметките на десетици новинарски здруженија и невладини организации

Од:

Управата за спречување на перeње пари при Министерството за финансии на Србија направи список со 20 медиумски работници и здруженија и 37 невладини организации и граѓански здруженија, со кој бара од банките да извршат увид во сите нивни трансакции во претходната година.

Во барањето се наведува дека се бараат податоци со цел да се утврди дали организациите и поединците на списокот имаат било каква врска со финансирање на тероризам или перењето пари.

На списокот се наоѓаат двете новински здруженија, НУНС и УНС, новинарско-истражувачките организации ЦРТА, БИРН, КРИК, Европското движење на Србија, Хелсиншкиот одбор за човекови права, БИРОДИ, Центарот за евроатлански студии, Белградскиот ценатр за безбедносна политика и други водечки српски невладини организации, како и политичари меѓу кои е Вук Јеремиќ, новинарот Слободан Георгиев.

-Агенцијата за спречување перење пари има ист донатор како БИРН, а тоа е Европската комисија. Затоа прашувам јавно -Дали оваа управа сама ќе се истражува? Ова е грозно, изјави директорот на „Newsmax“ Адрија Слободан Георгиев, оценувајќи дека со списокот се криминализираат луѓето.

Бојана Селаковиќ од Граѓанската иницијатива и Раша Недељков од Црта по повод списокот на Управата за спречување перење пари изјавија дека неколку организации од тој список ќе преземат правни активности што им се достапни според српските закони и дека е важно за овој случај да се информираат релевантни актери и меѓународната заедница.

Реагираше и шефицата на делегацијата на Европскиот парламент за Србија, Тања Фајон, која предупреди дека секоја неоправдана истрага за нивната работа треба да се смета за притисок.

-Повеќето невладини организации, медиуми и поединци, кои се под истрага на српската влада за перење пари, се меѓу главните застапници на про-ЕУ реформите и подржувачи на вредностите на Европската унија во Србија, напиша Фајон на својот Твитер профил.

Според Зоран Гавриловиќ од Бирото за социјални истражувања (БИРОДИ) акцијата на Управата за спречување перење пари има две значења, од кои првото е „да се етикетира делот од општеството што е препознаат од властите како критички и кој има капацитет да влијае на социјалните процеси во Србија.“

-Овој притисок е уште една потврда за оправданоста на барањата на Обединетата опозиција на Србија испратени до Европската комисија за формирање експертски групи за состојбата на демократијата, владеењето на правото и медиумите во Србија“, оценија од опозициската Партија на слободата и правда (ССП) на Драган Ѓилас..

И од Демократската странка (ДС) оценија дека се работи за обид да се дискредитираат оние кои не зависат од милоста на Владата и чии активности сеуште не се ставени под контрола.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Силен земјотрес во Србија

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија