Српскиот патријарх му го честита изборот на новиот загрепски градоначалник со стихови од „Азра“ и „Индекси“

Од:

Српскиот патријарх Порфирије му ја честиташе изборната победа на новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ, со порака во која цитира стихови од прочуениот загрепски рок-кантавтор Џони Штулиќ и од сараевската група „Индекси“.

„Ја користам оваа можност да Ви упатам најсрдечни честитки по повод изборот на должноста градоначалник на Загреб, со искрена молитвена желба Вашиот мандат да биде исполнет со просперитет и благосостојба за сите загрепчани, без исклучок,“ напиша српскиот верски лидер во честитката.

„Своевремено големиот загрепски поет Бранимир Џони Штулиќ пееше „кога Загреб изронува од сон“, што ме поттикна да изразам надеж, која, меѓу другото, е и надеж на сите жители на тој убав град, дека пред нас е ново утро кое ќе промени сѐ,“ пишува патријархот Порфирије во честитката до Томашевиќ.

„Вам и на Вашите соработници нека Господ Исус Христос ви подари мудрост, сила и трпение, праведно и вистинољубиво да го предводите Загреб и да му служите на Загреб, на задоволство на сите негови граѓани,“ додава српскиот патријарх во писмото.

Порфирије, чие световно име е Првослав Периќ, е школуван теолог и универзитетски професор, кој дојде на чело на СПЦ годинава, откако патријархот Иринеј почина од Ковид-19. Претходно, Порфирије седум години беше митрополит загрепски и љубљански на СПЦ, кога според српските медиуми, изградил цврсти врски не само со православните верници во Хрватска, туку и со бројни хрватски политичари и личности од јавниот живот.

Би можело да ве интересира

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Два земјотреси го погодија Загреб: Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше

Во Загреб: Се активираше свлечиште на влезот во претседателската палата, стигна реакција од кабинетот на Милановиќ

Германски овчар во Загреб каснал девојка и убил помало куче

Падна скеле во центарот на Загреб: Работниците преку прозорци избегале

Горан Наумовски