Српски вирусолог: Нема потреба од паника, никој не докажал дека бразилскиот сој е поопасен од другите

Од:

Српскиот вирусолог Миланко Шеклер коментирајќи ја веста дека има знаци на присуство на бразилскиот сој на Ковид-19 во Србија, вели дека нема причина за страв кај граѓаните.

Според него, никој досега не утврдил дека тој сој е поопасен од другите и дека се уште не е научно докажано. Допрва треба да се види дали големиот број на заразени и починати во Бразил е последица на новиот сој или поради оптовареноста на здравствениот систем, истакна тој.

Тој вели дека за присуството на бразилскиот сој низ Европа се зборувало и од претходно, но смета дека нема потреба за паника.

„Ако се сеќавате, имаше најави и дека британскиот сој е повеќе заразен и посмртоносен, па се испостави дека не е баш така. По логиката на нештата, вирусот кој полесно се пренесува е помалку смртоносен бидејќи при тоа размножување ја губи патогеноста“, вели Шеклер.

„Можам да ви кажам дека кај нас има помеѓу 16.000 и 17.000 соеви на вирусот“, вели тој.