Српски средношколци се изјаснуваат како Роми за полесно да се запишат на факултет

Од:

Ученици во средните училишта во Србија се изјаснуваат како Роми, со цел полесно да се запишат на факултет, да добијат стипендија или места во студентските домови, изјави Витомир Михајловиќ, претседател на Националниот совет на Ромите.

Кога се декларираат како Роми, кандидатите добиваат право, откако ќе се јават на приемен испит, да се запишат на бесплатна обука надвор од листата, односно во рамки на двата проценти од вкупниот број места на факултетите, колку што се предвидени за националните малцинства и за инвалиди.

– Лажните ромски студенти се појавија минатата година. Освен тоа, уште на прв поглед се гледа дека не се Роми, тоа се гледа и по нивното семејство. Ние, меѓутоа, тука ништо не можеме да направиме. Нивно уставо право е како ќе се изјаснат, вели Михајловиќ.

Според него, злоупотреби најмногу се правеле на елитните факултети, како Медицинскиот и Фармацевтскиот. 

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати