Српски психолог: Луѓето мора психички да се спремат за долготрајна борба со пандемијата

Од:

Борбата против коронавирусот очигледно ќе биде маратон, како што вели Светската здравствена организација, и затоа мора да бидеме ментално подготвени, изјави психологот и доцент на Катедрата за психологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, Милица Вукелиќ.

dobivaj vesti na viber

Таа вели дека истражување во Кина покажало оти од вработените кои се вратиле на работа по завршувањето на првиот бран на епидемијата, 11 отсто имале пост-трауматски стрес, додека осум проценти имале некаков вид депресија или анксиозност.

Според Вукелиќ, се добива впечаток дека не сме емотивно подготвени за долготрајна борба против коронавирусот. Таа потенцира дека во овој момент сме во животен шок, но и шок во кариерата, и дека имаме ситуација во која извесно е само дека иднината ќе биде неизвесна. Советот на психолозите е граѓаните да развиваат психичка отпорност за да се справат со стресот.

Вукелиќ особено го посочува феноменот на инфодемија, односно прекумерната количина на информации на која сме изложени секој ден. Истражувањата покажаа дека тоа кај голем број луѓе предизвикува висок степен на вознемиреност.

Според психологот, посебно е важно да се одржува физичко растојание, но да се задржи социјалната поврзаност меѓу луѓето. Таа истакнува дека граѓаните во Србија ретко се одлучуваат да побараат стручна помош, како поради предрасуди, така и поради економски причини.

Советот на психолозите е дека мора да го прифатиме фактот дека не може сè да биде оптимално, и дека можеби треба да се откажеме од амбициозни цели за да ја задржиме „главата над вода“.

Би можело да ве интересира

Во Израел се зголемува бројот на пациенти кои по третпат се заразени со Ковид-19

Ана Ололовска

На Миконос позитивни 64 отсто од тестираните

Ана Ололовска

Кипар ја враќа задолжителната маска на затворено

Горан Наумовски

Во Албанија почна да се аплицира и четврта доза од вакцината против Ковид-19

Горан Наумовски

Заутис: Веројатно го достигнуваме пикот и очекуваме намалување на заразените со Ковид-19

Горан Наумовски

Милиони Кинези во карантин поради новите случаи на коронавирус

Катерина Павлова-Николовска