Српски државјанин со автомобил усмрти двајца пешаци во Хрватска

Од:

Педесетгодишен државјанин на Србија со својот автомобил удрил двајца пешаци кај Жупања во Хрватска. Двајцата загинале во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу 23 часот.

„Истрагата утврдила дека до несреќата дошло кога двајца мажи, пешаци се движеле по коловозната лента на автопатот А3, иако на автопатот е забрането да се движат пешаци, а на нив налетал 50-годишен државјанин на Србија“, соопшти полицијата.

Потоа, во телата на двајцата мажи, исфрлени на патот, удриле две возила со германски ознаки управувани од 33-годишен маж и 38-годишна жена, германски државјани, кои се движеле зад автомобилот што го управувал српскиот државјанин.

Од тројцата возачи се земени примероци од крв и урина за да се утврди присуство на алкохол, а возилото на 50-годишникот е привремено одземено за вештачење.

Телата на жртвите се пренесени во Националната меморијална болница „Др. Јурај Њавро“ во Вуковар со цел да се изврши обдукција и идентификација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата

(ВИДЕО) Пентагон потврди: Хрватска од Америка го купува најмоќното оружје во својата историја