Српската војска во прв степен на подготвеност

Од:

Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ и началникот на генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ заминаа во Рашка.

Тие беа во обиколка на дел од силите на војската на Србија, која се наоѓа во прв степен на подготвеност.

На обиколката и претходеше состанок со командантите на дел од единиците на војската на Србија, соопшти Министерството за одбрана.

На југот на Србија, четврт ден по ред трае напнатоста на граничните премини со Косово, Јариње и Брњак.

Двата премини се блокирани, од една страна, специјалните единици РОСУ, а од друга незадоволните Срби. Исто така областа ја надлетуваат хеликоптери на КФОР.

Министерот за одбрана на Србија порача дека единиците на војската на Србија се во повисока воена готовност во гарнизоните Рашка и Нови Пазар, бидејќи на тој начин, државата сака да испрати јасна порака дека веќе нема да се случува погром на српскиот народ.

„Нашата војска не провоцира, но е спремна да го заштити народот доколку се случи било што што го загрозува неговиот живот. Важно ми е да видам дека овие луѓе се расположени и спремни. Опремата и техниката кои ги набавивме се во рацете на вистински професионалци“, истакна министерот.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати