Српската влада соработката со Хаг ја сведува на техничко ниво

Од:

Владата на Србија ги тргна од дневен ред сите точки кои се однесуваат на достава на документација на Хашкиот трибунал. Одлуката следуваше веднаш по ослободувањето на двајцата хрватски генерали.

Како што соопшти потпретседателот на владата, Расим Љаиќ, тоа не значи дека се укинува целата соработка, тука дека само сорсботката се сведува на техничко ниво.

Според него, одлуката на Хашкиот трибунал е шлаканица за меѓународната правда и нема да придонесе за нормализација на односите помеѓу Србија и Хрватска.

Владата донела и одлука никој од нејзините претставници да не учествува на конференцијата за правното наследство на Трибуналот која треба да се одржи на 22. ноември во Белград, но и дека нема да даде никаква логистичка поддршка за одржување на собирот.

Според Љаиќ, судијата на Трибуналот Фаусто Покар кој имаше поинакво мислење за пресудата за генералите од мнозинството судии, го откажал учеството на истата конференција.

 

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Ана Ололовска