Српската полиција уапси 11 лица осомничени за измама од околу пет милиони евра

Од:

Српската полиција уапси денеска 11 лица осомничени дека се вмешани во измама вредна околу пет милиони евра во хемиската фабрика „Азотара“ во Панчево.

Владејачката коалиција на социјалистите и националистите, која дојде на власт минатата година вети искоренување на организираниот криминал и корупцијата во обидите да добие датум за почеток на преговори за приклучување кон Европската унија.

Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ изјави дека се трага по уште едно лица.

Дванаесетте лица се осомничени за незаконска продажба на минеарлно ѓубриво, со што државниот буџет го оштетиле за 66 милиони динари. За време на злоупотребата оваа сума изнесувала околу пет милиони евра.

Меѓу уапсените е и трговскиот директор на фабриката во Панчево и неколку директори на приватни претпријатија во цела Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ