Српската опозиција на европратениците им испрати свој предлог на Договорот за избори

Од:

Партијата на слободата и правдата (ССП), Демократската партија, (ДС), Движењето на слободните граѓани (ПСГ), Да не го давиме Белград, Заедно за Србија и Движењето за пресврт подготвија текст на „конечниот Договор на учесниците во меѓупартискиот дијалог“ за изборите кој го испратија до европратениците во Брисел, повикувајќи се на нивниот предлог работен Договор за следната рунда меѓупартиски дијалог, закажан за 17 и 18 септември, јави дописникот на МИА од Белград.

Писмото доставено до европратениците заедно со Договорот го потпишаа Драган Ѓилас, Зоран Лутовац, Павле Грбовиќ, Добрица Веселиновиќ, Небојша Зеленовиќ и Јанко Веселиновиќ.

-За да се обезбеди еднаков пристап до медиумите, плурализам во медиумите, професионални стандарди и етички принципи, да се формира Коорганиционо тело за јавно информирање (КТИ) и Коорганиционо тело за избори (КТСИ) со извршни овластувања … најмалку 6 месеци пред следните избори, се наведува во предлогот на Договорот објавен од агенцијата Фонет.

КТИ избира независен уредувачки тим на информативниот програм на јавните сервиси – РТС и РТВ, кој ќе дефинира нова програмска шема во која ќе се обезбеди еднаква застапеност на преставниците на власта и опозицијата потписници на Договорот.

Во барањето на опозицијата, меѓу другото, се наведува дека КТИ ќе изработи Препораки за обврската за навремено, вистинито и избалансирано информирање што ќе биде доставена до сите регистрирани медиуми во Србија.

Меѓу останатото се бара и обезбедување за независните медиуми и организации (Бета, ФоНет, Истиномер, КРИК, ЦИНС, БИРН, Време…) двапати неделно, по 30 минути да емитуваат своја независна содржина на програмите на РТС и РТВ во ударно време.

За Коорганиционото тело за избори (КТСИ), се наведува дека членовите на Одборот се претставници на политички субјекти потписници на Договорот, со обврска да ги почитуваат принципите за еднаква застапеност на власта и опозицијата, со по еден претставник од Цесид, Црта и Транспарентност Србија.

Задачи на КТСИ се обезбедување граѓаните слободно, без притисок и уцени во фер изборен процес да ја изразат својата политичка волја.

Во предлог Договорот за изборите во Србија на опозицијата на крајот се наведува дека сите политички актери кои го постигнаа Договорот за слободни избори се согласуваат „да се одделат датумите на локалните, републичките и претседателските избори, да само некој кој е кандидат на изборната листа може да биде во називот на листата, како и да само еден од кандидатите од таа изборна листа може да биде носител на изборната листа.

Формирањето и надлежностите на двете тела ќе бидат дефинирани со lex specialis, кој ќе биде донесен најдоцна во рок од 15 дена од денот на постигнување на Договорот за слободни избори, се наведува на крајот од овој документ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати