Српската царина на преминот Прешево-Табановце спречи шверц на килограм семе од марихуана

Од:

Српските цариници на граничниот премин Прешево со Северна Македонија спречија обид за шверц на речиси килограм семе од марихуана, скриено во автомобил, превезувано во приколка, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти денеска Царинската управа на Србија, семето од таа дрога е пронајдено на влез во Србија во автомобил марка „туарег“ со романски регистерски таблички, со приколка на која се шлепал друг автомобил. Возилото било управувано од романски државјанин (38) кој како и неговиот сопатник на цариниците им кажал дека нема што да пријави.

Под резервното тркало на автомобилот на приколката е пронајдена пластична проѕирна кеса во која имало марихуана, се наведува во соопштението.

Во багажникот е пронајдена и хартиена кеса од оригиналното пакување со растителен материјал; за кое постои сомневање дека се работи за семето на растението канабис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов