Српска докторка: Коронавирусот не се пренесува преку храна и вода

Од:

Српската докторка Јагода Јоргa, во емисијата „Прва тема“ посочи дека постарите луѓе се повеќе изложени на ризик да заболат од коронавирусот, но дека никој не е имун од евентуално заболување. Таа потенцираше дека е добро што вирусот не се пренесува преку храна и вода.

„Добро е што храната и водата не се преносни патиша на вирусот. Но, кога луѓето кашлаат и киваат, капките опстојуваат во воздухот. Ако некој кивне или кашла во вашата чинија, тогаш вирусот се пренесува. Никој, во едно домаќинство, не смее да ја дели истата чаша или чинија, особено со оглед на фактот дека во Србија немаме многу домаќинства кои имаат машина за миење на садови“, посочува докторката Јорго.

Според неа, треба да се внимава на зеленчукот и овошјето кое се купува, бидејќи преку 70 проценти од т.н. црвени инфекции се пренесуваат преку нив. Таа посочува дека се што може да се обработи термички, да се обработи.

„Вирусот опстојува во капките. Кога одиме на пазар да одбереме овошје и зеленчук, треба да ги примениме сите мерки, како и за сите други инфкеции. Преку 70 проценти од т.н. црвени инфекции се пренесуваат преку зеленчукот. Се што може термички да се обработи, треба да се обработи. Салатите треба да се мијат по постојан млаз на ладна вода“, додава таа.

Докторката напоменува дека народните верувања, како тоа дека бел лук помага за лекување на коронавирусот, не се точни. Но, таа посочи дека здравата исхрана помага на телото да се зајакне и да се бори со вирусот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски