Средба на лидерите на владејачките партии во БиХ за формирање влада

Од:

Лидерите на владејачките партии во Босна и Херцеговина денеска на средба во зградата на Претседателството на БиХ се очекува да договорат распределба на ресорите во новиот Совет на министри, јави Танјуг.

Претседателот на ХДЗ БиХ и хрватски член на Претседателството Драган Човиќ, пред средбата изјави дека е оптимист и дека нема да треба многу за денеска да се формира влада, поради веќе претходно постигнатите одредени договори.

Српскиот член на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ од Партијата за демократски прогрес (ПДП), исто така, смета дека постојат услови да се постигне договор за власта, односно распределба на министерствата, пишува „Дневни аваз“.

Претседателството на БиХ претходно го именува Денис Зиздиќ од Партијата за демократска акција (СДА) за претседавач со Советот на министри на БиХ, што подоцна е потврдено и во Парламентарното собрание на 11 февруари. Тој има законски рок од еден месец за номинирање нови министри на предлог од владејачките партии, по што составот на Советот на министри го потврдува Парламенарното собрание.

Според уставот на БиХ, Советот на министри има ограничени овластувања и не може да се спореди со класичните влади во други држави. Советот на министри на БиХ одлуките ги носи со консензус и врз основа на национален паритет. Претседателот нема овластувања самоиницијативно да поставува или менува министри, бидејќи нив, по правило ги именуваат и менуваат исклучително партиите од кои доаѓаат.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници