Средба Лајчак – Коснет: ЕУ и САД имаат исти интереси за Западен Балкан

Од:

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак вели дека Европската унија и Соединетите Американски Држави ги делат истите интереси за овој дел од Европа.

Во објава на својата страница на Твитер по денешната средба со амбасадорот на САД во Косово Филип Коснет, Лајчак напиша дека Брисел и Вашингтон очекуваат да видат напредок во европската перспектива на регионот.

– Мошне добар разговор со амбасадорот на САД во Косово. ЕУ и САД ги делат истите интереси за Западен Балкан. Ние сакаме да го видиме регионот како напредува и дека има вистинска европска перспектива, напиша Лајчак.

Американскиот амбасадор по средбата порача дека неговата земја и ЕУ ќе продолжат да работат на постигнувањето на заедничката цел – нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија.

– Имав добра средба со емисарот на ЕУ, Лајчак, со кого разговаравме за заедничките интереси во дијалогот кој продолжува (меѓу Приштина и Белград). Вашингтонските договори го дополнуваат овој процес предводен од ЕУ. Ние ќе продолжиме да работиме заедно за да ја постигнеме заедничката цел – нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија, напиша Коснет на својот Твитер.

Лајчак допатува во Косово завчера и имаше средби со највисоките државни и политички претставници на земјата, како и со странски дипломати акредитирани во Приштина и со претставници на граѓанските организации. Денеска ќе отпатува во официјална посета на Србија, каде исто така ќе се сретне со државниот и политички врв.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он