Средба Ахмети – Мустафа: Постои готовност изборите да се одржат на 6 октомври

Од:

Лидерот на Социјалдемократската партија на Косово, (ПСД), Шпенд Ахмети по денешната средба со претседателот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, изјави дека кај политичките субјекти постои расположение за одржување на предвремени парламентарни избори на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ахмети на изглегување од ресторанот во кој претпладнево се одржа ненајавената средба со Мустафа им изјави на новинарите дека в четврток, 22 август, најверојатно сите пратеници од власта и опозицијата ќе будат присутни во Собранието за да го изгласаат неговото распуштање, со што ќе се отвори патот за одредување датум за вонредните избори.

– Се согласивме на 22-ри сите да бидеме во салата за да обезбедиме дека Собранието ќе се распушти и да го отвориме патот за избори. Датум кој најмногу се спомнува е 6 октомври. Значи, ако се распушти в четврток Собранието, тогаш остануваат два датуми – 29 септември и 6 октомври, но се чини дека кај сите постои готовност изорите да се одржат на 6 октомври, изјави Ахмети.

Лидерот на ПСД и градоначалник на Приштина најави дека денеска најверојатно ќе се сретне и со премиерот во оставка и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај, при што не ја исклучи можноста од потпишување договор за предизборна коалиција меѓу двете партии.

По минатомесечната оставка на премиерот Харадинај, парламентарните партии, и од власта и од опозицијата, се согласија дека решение за создадената ситуација е одржување предвремени парламентарни избори и ја отфрлија можноста од формирање техничка влада и именување нов мандатар.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он