Србите вложуваат повеќе во обработлива земја, отколку во станови

Од:

Драстично е зголемена цената на обработливо земјиште лани во Србија, пишува весникот „Вечерње новости“. Поточно, цената на 1 хектар обработливо земјиште од 8 илјади евра се зголемила на 16 илјади евра.

Причината за ова зголемување е тоа што вложувањето во земја е најсигурно во време на криза, објаснуваат за весникот агрономи.

Весникот констатира дека врз цената големо влијание имаат и 230 странски компнии, кои во Војводина инвестирале вкупно 6,432 милијарди евра, потоа приватизацјата на земјоделските комбинати, но и сѐ повисоката цена на храната на светскиот пазар.

Експерти велат дека со приближување на Србија кон Европската унија, можен е поголем пораст на цените на обработливата земја.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ