Србите од Косово бараат да се испита улогата на Тадиќ

Од:

Српскиот национален совет на Косово оцени дека средбата на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи претставува продолжение на погубната политика на ДС кон признавањето на независно Косово.

Во соопштението се наведува дека Тадиќ не го спречило да се ракува со Тачи и покрај тоа што е осомничен за трговија со човечки органи.

Како што се наведува „братската средба“ со Тачи е континуитет на погубната политика на Тадиќ и ДС, која со прифаќањето на планот на Ахтисари и со преност на државните надлежности на косовските институции дале најголем придонес кон независноста на Косово.

Српскиот национален совет бара од идните државни власти да ја утврдат политичката и правна одговорност на екс претседателот поради спогодбата во Брисел која според нив им штети на српските интереси.

Како што се наведува во соопштението одговорноста треба да се утврди поради низата спогодби кои ги постигнаа Борис Тадиќ и Хашим Тачи, а кои им штетат на српските интереси и го загрозуваат територијалниот интегритет на Србија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари