Србите најавија блокади од петок на граничните премини со Косово

Од:

Претседателот на Здружението на граѓани на округот на Косовска Митровица, Раша Ројевиќ, денеска најави дека од петок, 6 септември, ќе се организира блокада на сите премини на Косово.

Ројевиќ за агенцијата Бета изјави дека блокадата ќе ја организираат здруженија на граѓани од Косово“.

„Блокадата ќе започне во петок и ќе трае додека не се повлечат косовските полициски сили од северот на Косово и Метохија и не им се вратат узурпираните институции на Србите. Исто така бараме КФОР, согласно мандатот од Резолуцијата 1244 да ја преземе контролата врз северот на Косово“, рече Ројевиќ.

Според него, блокадите ќе траат се додека не се исполнат сите барања на граѓаните.

„Не очекуваме помош од државата, ниту ни е потребна. Србите кои живеат на Косово и Метохија нема да учествуваат во блокадите за да не бидат малтретирани од косовската полиција, туку само граѓани од територијата на централна Србија, Црна Гора и Република Српска“, рече Ројевиќ.
Тој додаде дека за сите заинтересирани учесници ќе биде обезбеден превоз од Белград, Нови Сад, Смедерево, Крагуевац, Ниш, Крушевац, Врање, Рашка, а за време на блокадите на административните премини ќе се пропуштаат болнички возила.

Како што е најавено, ќе бидат блокирани премините Брњак, Јариње, Мердаре, Кончуљ и Кула.

Би можело да ве интересира

Мајка херој: Лејла ја спаси ќерка си (13) од поплавата, цел регион и се восхитува

Предраг Петровиќ

Исповед на млад човек кој меѓу првите пристигнал во Долна Јабланица: Се уште има тела во куќите

Предраг Петровиќ

Момчето убиец детално раскажа како го планирал масакрот во Рибникар: Донел 92 куршуми за да ги употреби сите

Предраг Петровиќ

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ

Помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина