Србинка убиена во Чешка: Искасапено тело пронајдено на Нова година

Од:

Србинката С.С.(27) е уапсена во Чешка под сомнение дека во својот стан ја убила М.Д.(42), исто така државјанка на Србија.

Србинка била убиена неколку дена пред Нова година во градот Брно, а нејзиното тело било пронајдено на 31 декември, јавуваат локалните медиуми.

Во моментот на злосторството, нејзиното малолетно дете и нејзиниот сопруг биле во Белград, каде најверојатно отишле таму да ги поминат празниците. Касапеното тело на жената го пронашла полицијата, пренесува Курир.

„Семејството, пријателите и работодавците на М.Д. биле вознемирени бидејќи таа не им се јавила со денови, па ја известиле полицијата која на 31 декември упаднала во станот. Таму нашле грозоморна сцена“, пренесуваат медиумите.

Како што известуваат, М.Д. лежела во локва крв, а полицијата успеала да го идентификува осомничениот Србин кој наводно бил нејзин познаник.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати