Србин во Германија фрлил граната врз својата поранешна девојка и нејзиниот партнер, па ги избодел со нож

Од:

Германската полиција осомничи 61-годишен српски државјанин за напад што се случи во петокот вечерта во Берлин. Полицијата претходно соопшти дека напаѓачот активирал рачна граната на влезот во станбена зграда во населбата Рајникендорф во германската престолнина. Во нападот се повредени две жени и еден маж, пишува српски Телеграф.

„Повредениот во нападот е во критична состојба, се надеваме дека ќе преживее“, соопшти вчера полицијата. Оттаму додаваат дека откако ја активирал гранатата, осомничениот извадил нож и почнал да ги боде жртвите. „Се сомнева дека мотивот за нападот се нерасчистени љубовни врски, бидејќи Србинот бил во врска со нападнатата 42-годишна жена“, додаваат оттаму.

Мажот кој е во критична состојба наводно е новиот партнер на повредената, додека другата повредена е нејзина пријателка. По нападот, осомничениот Србин побегнал во дворот на блиската зграда, каде што бил уапсен. Германските медиуми јавуваат дека повредените жени се исто така српски државјанки, додека повредениот е од Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сопственичка на локал дави девојче зошто седела на скалите

А1он

Нуркачи од српската жандармерија го пребаруваат Дунав: Исчезнаа две момчиња

Ана Ололовска

Директорот на училиштето во кое ученик се закани со убиство: Ќе седам до него додека не ја заврши годината

(ВИДЕО) Денеска се одржува четвртиот протест „Србија против насилството“

Горан Наумовски

Официјална Москва со став: Русија ќе продолжи да ја поддржува Србија во одбраната на нејзините легитимни права

ВИДЕО: Снимка од тепачка на матуранти од две белградски гимназии

Горан Наумовски