ФОТО: Најблескавите моменти на српските политичари во 2012-та година

Од:

Српската политичка сцена можеби е најлесно да ја запознаете низ фотографии на политичарите за време на кампања, во секојдневните средби со граѓаните или во (понекогаш) скоро „луди“ ситуации.

Погледнете ги најблескавите моменти на српските политичари во 2012-та година.

Орото на Томислав!

Изборната ноќ најлесно може да се опише кога ќе се видат сликите на Томислав Николиќ како се сплеткува играјќи оро по објавувањето на победата над Борис Тадиќ.

Маратонецот Тадиќ

Во случајот со Борис Тадиќ, изборот на интересни фотографии навистина е голем – од посети на штали, возење со комбајн и багер, маратони.

Изразот на неговото лице на една седница на Главниот одбор на ДС, по завршувањето на изборите, доволно покажува колку е задоволен од нив и колку успеал во својата намера… Добро барем има авионче од хартија.

Ивица Дачиќ – Пејач, политичар, премиер

Со своите изведби Ивица Дачиќ веќе изгради пејачка кариера, а снимките на Youtube на кои српскиот премиер ги покажува своите способности имаат илјадници прегледи.

Гушкачот Додик!

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е дел од српската политичка сцена, кој не може да се заобиколи. Не само поради изјавата дека Сараево не му е главен град и дека навива за фудбалската репрезентација на Србија, туку и поради големиот број дружби со претставниците на српската политичка сцена и естрадната елита.

Драган Џилас – Сам свој мајстор

Драган Џилас нема многу време. Кога му се брза, тој „од нога“ пие кафе, го преместува ротационото светло од службеното BMW, а седнува и зад воланот и нему не му е потребен возач за да отиде на посакуваната локација.

Томислав каде си? Ивица како да ти го слушам гласот од некаде…

Несогласувањата на претседателот Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ околу платформата за решение на косовското прашање беа најочигледни на неколку фотографии за време на посетата на државниот врв на Босна и Херцеговина. На конференцијата за новинари во Бања Лука гледаа во таванот, во подот, во Додик, само не еден во друг.

Вук Јеремиќ: I’ll be back…

Вук Јеремиќ можеби поради новата функција, на кратко ја напушти српската политичка сцена, но за време на средбата со Арнолд Шварценегер јасно порача: I’ll be back!

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати