Србија втора во Европа и пета во светот според бројот на вакцинирани на милион жители

Од:

Според последните податоци на владата, во Србија 1.375.872 лица се вакцинирани против коронавирус, а двете дози на вакцината досега имаат примено 497.729 граѓани.

Според бројот на вакцинирани на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија, а според процентот на граѓани кои ги примиле двете дози на вакцината, таа е прва во Европа. После Србија се Малта и Романија.

Во светот, Србија е на петтото место според бројот на вакцинации на милион жители, по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија.

Според бројот на ревакцинирани на милион жители во светот, Србија е четврта, по Израел, Обединетите Арапски Емирати и Сејшелите.

Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија, Унгарија, Словенија и Хрватска и на прво место во регионот е и според бројот на ревакцинации на милион жители.

Медиумите објавија дека следната недела во земјата треба да пристигнат уште 500.000 дози на кинеската вакцина Синофарм.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов