Србија во вторник отвара уште едно поглавје во преговорите со ЕУ

Од:

ЕУ одлучи во вторник да отвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување на Србија во ЕУ- за слободно движење на капиталот, неопходно за зајакнување на економските врски и инвестиции во Србија.

Ова за агенцијата Бета го најавија официјални лица во Советот на министри на ЕУ во Брисел, изјавувајќи дека одлуката за отворање ново поглавје во преговорите со Србија е договорена на состанокот помеѓу Комитетот на амбасадорите на постојаните претставници во ЕУ (КОРЕПЕР) и Работната група за проширување на ЕУ.

Поглавјето за слободно движење на капиталот ќе биде отворено во вторник навечер на меѓувладина конференција ЕУ-Србија, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Претставници на српската влада претходно изразија незадоволство од отворањето на само едно поглавје, затоа што веруваат дека Србија е подготвена да отвори уште три поглавја: за слободно движење на работната сила, на транс-европски мрежи и за транспортната политика.

Извори во Брисел се на мислење дека, во моментот, тешко може да се усгласи договор за отворање на повеќе поглавја, со оглед дека во телата на ЕУ се води темелна дебата за предлозите за промена на „методологијата“ на процесот на проширување на ЕУ, на барање на Франција и на неколку други членки на Унијата.

Целта на измените е процесот на проширување на ЕУ да се направи поефективен и „опиплив“ за граѓаните на земјите кандидати.

Оваа промена во методологијата, изјавија за Бета официјалните претставници на Европската комисија и на некои влади на ЕУ, „не мора но и може да опфати и кандидати за членство кои веќе преговараат со Унијата, доколку взаемно се заклучи дека тоа е корисно и целоисходно.“

Промената на „методологијата“ на проширувањето на која веќе работи Европската комисија треба да се усогласи до мајскиот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов