Србија: Студентите ќе добиваат поени и за воннаставни активности

Од:

Сенатот на Универзитетот во Белград усвои Правилник за вреднување на воннаставните активности на студентите, кој предвидува академците да добиваат поени за извршена пракса, волонтерски труд, ангажирање во спортско друштво, научно-истражувачки труд и активности во студентската организација.

Основната идеја е да им се помогне на студентите да се вработат, но и да им се овозможи на работадавачите да ги најдат најдобрите работници. Правилникот овозможува работодавачите да следат колку студентите за време на студиите биле активни и да ги вработат оние кои работеле на проекти важни за работното место.

Поените за воннаставните активности влегуваат во „додаток на дипломата“, документ кој мора да следува со самата диплома. Утврдено е да еден поен вреди од 25 до 30 работни часа, а студентот може да биде ангажиран и на неколку активности и така да собира повеќе поени. Во секој факултет ќе постои комисија за доделување на поените.

Правилникот е дел од процесот на усогласување на српското високо образование со европските простори.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ