Србија со Унгарија потпиша договор за складирање на 500 милиони кубни метри гас

Од:

Српскиот министер за финансии Синиша Мали и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто потпишаа во Белград Меморандум за продолжување на соработката во областа на енергетиката, а потоа договор потпишаа Србијагас и унгарската компанија „МВМ ЦЕЕнерџи Зр“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Србија до октомври ќе складира 500 милиони кубни метри гас во два складишта во Унгарија, кои потоа ќе и бидат достапни од 1 октомври до 1 април следната година, изјави Мали. Србија според договорот во октомври ќе може да повлече три милиони кубни метри гас дневно, потоа од ноември до февруари шест милиони кубни метри гас дневно, а во март три милиони кубни метри, изјави Мали.

Тоа ќе биде сосема доволно за потребите на граѓаните и индустријата во Србија, посочи Мали. Тој најави дека аранжманот ќе се финансира делумно од српскиот буџет, а другиот од заем од ОТП банка и Ексим банка од Унгарија. Мали кажа и дека за пропорциите на финансирањето ќе се одлучува подоцна, не сакајќи да каже колкава ќе биде висината на аранжманот, но рече дека Србија во понеделник на Унгарија ќе и плати 65,7 милиони евра за резервирање на складиштата.

-Целиот аранжман вклучува гас, струја и сурова нафта, додаде Мали.

Министерот Сијарто оцени дека овие договори обезбедуваат непречено снабдување со гас на Србија и ја зајакнуваат позицијата на Унгарија во областа на енергетиката во целиот регион. Тој додаде дека со меѓудржавниот договор е договорено и поврзување на пазарите на електрична енергија на двете земји, со што до 2028 година ќе биде изграден нов далновод меѓу Суботица и Шандорфалва во Унгарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва