Србија: Сликарка без раце, сака да оди на Академија

Од:

Деветнаесет годишната Дејана Бачко од Бачка паланка, Србија не може сама да се облече, да си ја собере косата, но се друго работи како и нејзините врсници само на поинаков начин.

Таа пишува слика црта готви, мие садови, фаќа белешки на часови, но само со нозете.
Оваа девојка е родена без раце но успеала да се избори и да ги оствари своите таленти.
Оди во средно уметничко училиште, а планира да се запише и на ликовната академија. Желба и е да го запознае Новак Ѓоковиќ.

Незнам како би играла тенис, но сигурно дека би успеала некако. Работам се сама, во училиштето пишувам на табла, фаќам белешки цртам и сликам, но вајањето ми оди доста тешко. Се обидував но не успеав – изјави девојката, додавајќи дека има голема поддршка од сите, а најмногу од мајка и.

Кога Дајана првпат на часот ги собула цевлите за да пишува со нозете сите биле изненадени. И на приемниот испит во средното училиште го добила речиси максималниот број на поени.

Другарите ми помагаат, ја носат клупата за пишување. Кога станува збор за стручните предмети тука нема никаква разлика, бидејќи сликам и цртам како и останатите, само што мојот штафелај е малку понизок – изјави таа.

Освен што е голем талент за сликање и цртање оваа девојка знае да плива, да игра фудбал со својата екипа, сама си ги лакира ноктите, се шминка излегува со своите врсници, има момче.

rep-slikarka

Дејана до сега имала повеќе изложби во Србија, но и во Сараево, Бањалука, Македонија, Загреб, Мркоњиќ град.

На изложбите продала повеќе слики и се надева дека еден ден ќе може да живее од продажба на своите уметнички дела.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ