(ВИДЕО) Србија: Семејството кое пред шест дена мистериозно исчезна, пронајдено во провалија

Од:

Рано утрово, припадници на српската полиција пронашле опожарен автомобил „пасат“ во атарот на селото Тешица, кој припаѓал на семејството Ѓокиќ од Алексинац, кое исчезна ноќта помеѓу неделата и понеделникот, пред шест дена.

Возилото на исчезнатото семејство е пронајден на непристапен терен.

Недалеку од изгорениот пасат на исчезнатото семејство Ѓокиќ лоциран утрово, пронајдени се тела покриени со гранки и лисја, за кои се уште ништо не се знае.

Како што пренесуваат српските медиуми, нефицијално засега не е познато чии се телата и колку се на број.

Полицијата го блокираше потегот помеѓу селата Драшевац и Тешица, а форензичарите се на терен.

Исчезнатите татко и ќерка носеле мобилни телефони со себе, кои биле исклучени во 3 часот наутро, ноќта на исчезнувањето.

Исчезнувањето на Горан Ѓокиќ (57), неговата сопруга Гордана (56) и ќерката Лидија (25), беше пријавено на 28 септември, а полицијата во средата започна интензивна потрага по нив.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов