Србија се поблиску до колективен имунитет, вакцинирани речиси три милиони граѓани

Од:

Во Србија досега се вакцинирани 2.880.000 граѓани, а следната недела очекуваме да стигнеме до три милиони вакцинирани, вели Михајло Јовановиќ кој е директор на Канцеларијата за е-Управа.

Тој вели дека втората доза на вакцините ја примиле 1.170.000 граѓани од вкупниот број на вакцинирани, а преку порталот е-Управа и контакт центарот се пријавиле уште 1.700.000 граѓани.

„Речиси сите граѓани кои се пријавиле преку порталот се вакцинирани, а следната недела стигнуваат нешто повеќе од сто илјади дози Фајзер, кога на вакцинација ќе ги повикаме оние граѓани кои се пријавиле за оваа вакцина“, вели Јовановиќ.

За вакцинација во Србија се пријавени и доста странци, а Јовановиќ вели дека моментално има околу 53 илјади странци кои немаат пријавено живеалиште во Србија, а се пријавиле преку порталот е-Управа за добивање на вакцина.

Тој наведува дека сега странски државјани не се вакцинираат туку само домашни, и кога тие ќе бидат вакцинирани ќе се размислува за вакцинирање на странци.

„Инаку најмногу се пријавуваат граѓани од околните земји, пред се од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но има и од земјите ширум Европа, Италија, Австрија и други“, вели Јовановиќ.

Додава дека вакцинацијата во Србија е бесплатна, а тоа важи и за странците кои таму ќе ја примат вакцината.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати