Србија: Се одбележува 10-годишнината од убиството на Ѓинѓиќ

Од:

Српските граѓани денес одбележуваат десет години од убиството на претседателот на Владата на Србија, Зоран Ѓинѓиќ.

zoran-gingik-ubistvo

Членови на Владата ќе положат венци на спомен-плочата на Ѓинѓиќ во дворот на Владата на Србија, а деновите ќе се одржат повеќе комеморативни настани кои ќе бидат посветени за него.

Србите 10 години жалат за него, бидејќи беше човек кој искрено работеше за доброто на државата. Сите велат дека неговата енергија и посветеност беше токму она што и беше потребно на Србија во тој момент.

zoran-gingik-sveki

-Она што го разликува од сите други е што секогаш имаше визија и во секој момент можеше да каже како ја замислува Србија или партијата, за две години, за пет, за 10 години, кои се приоритетите. Тој ден ја промени историјата на Србија. Беше политичар кој им одеше во пресрет на проблемите, а по неговата смрт преовладуваат политичари кои зборуваат она што другите сакаат да го слушнат и тоа Србија ја доведе во ќор сокак -изјави некогаш функционер на Демократската партија и близок соработник на Ѓинѓиќ, Горан Весиќ.

zoran-gingik-10-god

Традиционалната „Прошетка за Зоран“, ќе се одржи и годината, но за прв пат во неа ќе учествуваат и приврзаници на Демократската партија и на Либерално-демократската партија, иако прошетката е замислена како вонпартиски настан.

cedo-jovanvic

Почитувачите на делото на Ѓинѓиќ ќе прошетаат до Владата на Србија, поточно до местото на кое што беше убиен, а потоа и до неговиот гроб на Новите белградски гробишта.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ