Србија размислува за воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници

Од:

Српската Влада за неколку дена би можела да го разгледа предлогот за воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници против коронавирусот, изјави денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Тој објасни дека земјата би можела да воведе задолжителна вакцинација на здравствените работници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Не смееме да дојдеме во ситуација да се зарази медицински работник, а потоа да се прашуваме дали бил или не бил вакциниран, нагласи Лончар.

Во Србија, каде живеат седум милиони луѓе, барем една доза од вакцините против Ковид-19 ја примиле 2,7 милиони граѓани. Премиерката Ана Брнабиќ истакна дека до крајот на месецов се очекува да бидат вакцинирани 40 отсто од населението на возраст над 18 години.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полураспаднати тела на жртвите пловат по реката Ганг, вирусот коси низ индиските села

Жарко Настоски

ВИДЕО: Путин се пофали дека развил антитела откако ја прими вакцината

Жарко Настоски

Секој деветти Грк веќе ги примил двете дози од вакцината против Ковид-19

Жарко Настоски

Шпанија е на само стотина дена од колективниот имунитет, проценува премиерот Санчез

Жарко Настоски

Дачиќ: Луѓето веруваат во теории на заговор, тоа ја кочи вакцинацијата

Жарко Настоски

Србија и Турција заемно ќе ги признаваат дигиталните сертификати за вакцинација

Ана Ололовска