Србија повторно одби да воведе санкции кон Русија

Од:

Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во Европската унија во регионот која не ги почитува новите одлуки на Советот на ЕУ во однос на рестриктивните мерки поради „поткопување и загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина или дестабилизација на состојбата во таа земја“.

Ова го соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пренесува EWB.

Во соопштението се наведува дека Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина ги почитувале петте одлуки на Советот на ЕУ од декември во врска со санкциите против Русија.

„Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуките на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност“, рече Борел.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов