Србија одговара на американската иницијатива за Косово: „На Приштина ништо не ѝ веруваме“

Од:

„Србија може привремено да ја запре кампањата за повлекување на признавањето само доколку Приштина ја прекине кампањата за признавање и членството во меѓународни организации“, изјави вечерва српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.

Тој ја коментираше денешната најава на специјалниот американски претставник Ричард Гренел, дека добил уверување од Белград кампањата за повлекување на признавањето ќе биде привремено запрена, а од Приштина дека ќе престанат нејзините барања за членство во меѓународните организации. Српскиот министер за надворешни работи додаде дека проблемот е во тоа што во Белград „ништо не им веруваме на Албанците во Приштина.“

„Ако е точно тоа што специјалниот пратеник на американскиот претседател Ричард Гренел го објави на Твитер, тоа значи дека тој добил уверување од Приштина дека ќе ја запре кампањата за признавање на Косово и барањата за членство во меѓународни организации, а тоа беше ставот на Србија кој со години го изнесуваше претседателот Александар Вучиќ, изјави Дачиќ.

Во изјавата по повод најавата на Гренел, Дачиќ потврди дека Србија би можела привремено да ја прекине кампањата за повлекување на признавањата само доколку Приштина запре со кампањата за признавање и зачленување во меѓународните организации.

„Проблемот е, сепак, во тоа што ништо не им веруваме на Албанците во Приштина, затоа што секогаш лажеа и влечеа еднострани потези. Како кога го потпишаа Бриселскиот договор, а веќе седум години одбиваат да ја формираат Заедницата на српски општини,“ рече Дачиќ.

Гренел на Твитер објави дека добил уверување од владите во Приштина и во Белград дека кампањите за признавање и повлекување ќе бидат привремено запрени, така што претставниците на двете страни би можеле да се сретнат на 27 јуни во Вашингтон, каде би разговарале за дијалогот.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари