Србија: Од сабота до понеделник забрана за движење во цела држава

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес по седницата на кризните штабови ги заостри мерките во борбата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ на прес конференција најави дека од сабота во 13 часот до понеделник во 05 ќе биде забрането движењето на територија на цела Србија, освен за пензионерите кои ќе можат во недела од 04 до 07 часот да излезат да купат намирници.

Тој најави дека од вечерва ќе стапи на сила уште една нова мерка, со која се забранува повеќе од две лица да престојуваат истовремено на едно исто место, како и дека во сабота навечер, од 23 до 01 часот ќе може да се прошетаат миленичињата.

Според него, во Србија во наредните 74 часа се очекува забрзување на бројот на заболени од вирусот, како и бројот на починати,имајќи во предвид дека 81 лице се наоѓа на респиратори, додека како жаришта на епидемијата ги означи Белград, Чачак, Чуприја и Ваљево.

Вучиќ кажа дека проценките на стручните лица биле дека од 400.000 српски државјани кои дошле од странство, меѓу 24 до 32.000 лица биле заразени со коронавирус.

Тој, по денешните разговори со рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон, најави помош од лекари и медицинска помош од Русија и помош за соспствено производство на лекот хлорикин од Франција.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило