Командантот на полицијата, Бранислав Дикиќ е под полициска истрага, поради сомнеж дека бил лидер на организирана криминална група, која се занимава со рекетирање.
Тој ги отфрли сите обвиненија и изјави дека тоа му го прават албански криминалци кои нудат милиони евра на српските политичари, за да го сменат од полицијата, која ја контролира состојбата на југот на Србија.
Дикиќ, неговиот брат Драган и уште најмалку 20 полицајци се вмешани во криминал во Ниш и во општините на југот на Србија.
Според полицијата групата е осомничена и за убиство на инспекторите Иван Петковиќ и Љубиша Пузовиќ, кои работеле на нивниот случај.
Дикиќ им поделил нивни фотографии на припадниците на полицијата, со образложение дека се работи за албански мафијаши кои треба да се ликвидираат.
Групата е осомничена и за ликвидација на Ѓорѓе Стојановиќ, на кого под автомобил му била поставена бобма, кога на полицијата и изјавил кој го уценувал и рекетирал.
На некои политичари им се нудат милиони за да ме убијат. Сега ми монтираат афери. Очигледно на некого му смета што ја сочував безбедноста на југот, што ги тргнав спомениците на теророристите во Прешево. Или пак повеќе им смета тоа што подигнав споменик на полицајците – изјави тој.