Србија ќе “лови” лица со спорни објави на социјални мрежи упатени до припадници на ЛГБТ заедницата

Од:

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија по наредба на Вишото јавно обвинителство поднеле две кривични пријави и донеле мерка забрана за влез во Србија за осум лица кои го навредиле јавниот морал за време на настанот „Европарајд 2022“, соопшти денеска МВР на Србија.

dobivaj vesti na viber

Припадници на Управата за криминалистичка полиција, во консултација со надлежното обвинителство, идентификуваа две лица државјани на Турција и Италија, против кои поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост за време на “Европрајд 2022” година е поднесена кривична пријава.

По овие две лица е започната потрага, со оглед дека се недостапни за српските истражни органи, јавува Танјуг.

Исто така, во консултација со Вишото јавно обвинителство за високотехнолошки криминал ќе бидат преземени сите мерки со цел понатамошно постапување со лица кои преку социјалните мрежи Инстаграм и Твитер споделувале објави со екстремистичка содржина упатени до припадници на ЛГБТ заедницата.

Би можело да ве интересира

Осуден насилник во Србија: Давел и претепал корисничка на Дом за стари лица, па лажел дека паднала

А1он

Српските безбедносни служби ја следат состојбата во Србија, регионот и Источна Европа

Ана Ололовска

Виршлите „Вуди“ се повлекуваат и од српскиот пазар

А1он

Брнабиќ: Не можеме повеќе да се повикуваме на повелбата на ОН и да ги потсетуваме на нивното лицемерие

А1он

Вулин: На ​​одредени учесници на Еуропрајд им беше забранет влез во Србија

А1он

Вучиќ во ОН: Која е разликата меѓу Украина и Србија?

Ана Ололовска