Србија ќе дозволи „Парада на гордоста“ во Белград

Од:

Државниот врв на Србија донел одлука да се одржи Парада на гордоста во сабота во Белград, пренесува весникот „Данас“ од извори во владата.

Според сознанијата на медиумот, веќе е невозможно да се донесе спротивна одлука. Полицијата ја завршила безбедносната проценка која била позитивна.

Еден од битните индикатори дека Србија сериозно се нафатила да ја заштити Парадата е тоа дека почнале подготовки во амбасадите на европските земји за настанот, што подразбира план за доаѓање и заминување од собирот.

Според „Данас“ до оваа одлука не дошло лесно, со оглед дека имало големи несогласувања во владината коалиција за одржување на парадата.

Премиерот Ивица Дачиќ не можел да се одлучи дали е „за“ или „против“ и чекал конечниот збор да го каже Александар Вучиќ, кој според „Данас“ во овој момент кога Србија е блиску до добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ, сметал дека парадата е битен чин.

Меѓутоа, претставниците на странските амбасади, иако ја поддржуваат Парадата, пратиле порака дека нејзиното неодржување нема да доведе до посебно критичен став кон владата, бидејќи таа го спроведува Бриселскиот договор и ги подготвува изборите на Косово.

Конечната одлука треба да се соопшти во петок попладне.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ